Мосад ја извести ЦИА за наводни планови на Иран за атентат врз Трамп

Од:

Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) дека Иран наводно планира атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп и високи претставници на неговата администрација, вклучително и преку напади со беспилотни летала наполнети со експлозив.

Ова го објави израелскиот весник „Израел Хајом“, повикувајќи се на високи израелски и американски функционери.

Според изворите, ова предупредување доведе до засилување на безбедносните мерки околу највисоките американски функционери. Се наведува и дека овие разузнавачки сознанија дополнително ги намалија изгледите за каков било договор со Техеран.

Изворите наведуваат дека информациите од „Мосад“ се потврдени и од уште една западна разузнавачка служба. Израелската страна дополнително ги проверила податоците на барање на американските власти, кои побарале помош од нив.

Директорот на „Мосад“, Роман Гофман, моментално престојува во посета на САД, каде што се сретнал со директорот на ЦИА, Џон Ретклиф. Откако ја презеде функцијата, Гофман често патува во САД, одржувајќи блиска соработка со своите американски разузнавачки колеги.

Висок американски функционер изјави дека Вашингтон бил свесен за заканите од Иран упатени кон членови на администрацијата, особено по ликвидацијата на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи во заедничка израелско-американска операција.

Сепак, според функционерот, новите разузнавачки податоци укажуваат на конкретни и неодамнешни закани, вклучително и можноста за употреба на беспилотни летала што носат експлозив. Како што беше појаснето, ваквиот начин на напад е тешко ефикасно да се спречи со вообичаените безбедносни средства.

Според весникот, американските функционери кои би можеле да бидат цел, значително го намалиле своето учество на настани на отворено. Некои од нив се привремено преместени од своите домови во обезбедени објекти.

Американски претставници наведоа дека се воведени посебни безбедносни мерки за јавните настапи на Доналд Трамп, вклучително и за настаните на отворено. Бројот на вакви настани е значително намален, а кога тие се одржуваат, нивото на безбедност е зголемено.

За заштита на претседателот се користат и специјализирани системи за откривање и неутрализирање на беспилотни летала.

Би можело да ве интересира

Трамп тврди дека САД ги имаат иранските пари и Ормутскиот теснец

А1он

Трамп: Постои неверојатно ниво на одбивност кон Израел

А1он

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Трамп: Веќе нема да испраќаме 4 милијарди долари годишно во Израел

А1он

Нов правен пораз за Трамп пред изборите: Врховниот суд одби да блокира над 20.000 гласови во Калифорнија

Последните анкети пред изборите во САД: Демократите со голема предност во Претставничкиот дом, неизвесна трка за Сенатот

Предраг Петровиќ