Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Од:

Австриската хуманитарна организација SOS Balkanroute соопшти дека хрватската полиција во средата на границата со Босна и Херцеговина претепала и вратила 53 мигранти, а пет лица биле пренесени со Итната медицинска помош поради скршеници на рацете и нозете и повреди на главата.

Според организацијата, околу 15 маскирани хрватски полицајци тепале „сè што се движело“. Од SOS Balkanroute велат дека ова е еден од најбруталните случаи на насилство на границата што ги забележале во последните неколку месеци.

Мобилниот тим, со кој SOS Balkanroute соработува заедно со Црвениот крст, затекнал 40 повредени и претепани лица во шест одделни групи во пограничните населени места Тржац, Црнаја и Штурлиќ. Станува збор за државјани на Бангладеш, Судан, Пакистан, Индија и Непал, меѓу кои имало три жени и две малолетни лица.

Покрај петте лица кои биле однесени со Итната медицинска помош, SOS Balkanroute со такси превезла уште 12 лица до кампот Липа, од кои девет биле повредени. Организацијата наведува дека сама ги платила такси-превозите, бидејќи меѓународните организации финансирани од ЕУ не успеале да организираат превоз, а законот не им дозволува самостојно да превезуваат мигранти.

„Насилството е систематско“

„Ова не е изолиран случај ниту грешка на поединечни полицајци. Насилството на надворешната граница на ЕУ е систематско, трае со години и станува сè побезобѕирно“, изјави основачот на SOS Balkanroute, Петар Росандиќ.

„Маскирани полицајци тепаат луѓе, меѓу нив жени и малолетници, а во ноември ги тераат боси да ја преминат границата. Кој прави вакво нешто, ги изгубил сите граници“, додаде Росандиќ.

Од организацијата наведуваат дека нивниот мобилен тим и Црвениот крст секојдневно регистрираат насилни враќања преку границата и траги од насилство врз луѓето.

SOS Balkanroute бара независна истрага за овој случај и за сите претходно регистрирани враќања на хрватско-босанската граница, безбедна медицинска помош и превоз за повредените, како и јасен став од Австрија и Европската Унија против насилството на надворешната граница.

Би можело да ве интересира

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

СНСД и ХДЗ нема да влезат во власта едни без други

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба