ВИДЕО: Украинците нападна една од најголемите рафинерии во Русија

Од:

Украинските сили синоќа нападнаа голема руска рафинерија за нафта во Волгоград и производствен погон во Ростов на Дон, објави „Киев Индепендент“. Нападите со беспилотни летала се случија само еден ден по трилатералните мировни преговори во Абу Даби.

Со нападите Украина ја продолжува кампањата насочена кон руската енергетска инфраструктура, која ја снабдува руската армија и придонесува за приходите на Москва од енергетскиот сектор.

Украинските канали за следење на воени активности „Ексиленова плус“ и „Супернова плус“ објавија снимки од пожар и експлозии во рафинеријата „Лукоил-Волгограднефтепереработка“.

Станува збор за една од најголемите рафинерии во Русија, со годишен капацитет за преработка на 15 милиони тони сурова нафта.

На снимките од очевидци се гледа како пламенот од рафинеријата го осветлува ноќното небо, додека се слуша и дејствувањето на руската противвоздушна одбрана. Поради украинските напади врз енергетската инфраструктура, во Русија веќе се воведени ограничувања во снабдувањето со гориво. На видеата од Волгоград се гледаат и граѓани кои по нападот чекаат во редици пред бензинските пумпи.

Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, потврди дека градот бил цел на „масовен“ напад и дека избиле пожари во јужната индустриска зона.

Рафинеријата во Волгоград е еден од најголемите капацитети во сопственост на „Лукоил“, вториот по големина руски производител на нафта. Украинските сили и на 2 октомври ја нападнаа оваа рафинерија, која се наоѓа на околу 400 километри од украинската граница.

Украинските дронови го нападнаа и Ростов на Дон, потврди гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар.

Според него, по нападите избиле пожари во производствен погон и складиште, додека остатоци од соборени дронови оштетиле станбена зграда.

Украинско беспилотно летало и на 8 ноември го нападна Ростов на Дон, при што беа оштетени мост и енергетски објекти. Поради нападот, во градот беа затворени патишта и прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Нападите се случија кратко по нападот на десетици украински дронови врз Москва, во ноќта на 13 ноември. Според руските власти, нападот го нарушил авиосообраќајот на неколку од најголемите аеродроми во московскиот регион.

Украинските Сили за специјални операции (ССО), пак, потврдија дека на 11 ноември ја погодиле и руската рафинерија за нафта во Омск, најголемата во земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина го одби американскиот план

ВИДЕО: Кушнер со визија за нова безбедносна карта на Европа, дипломатите сè уште се обидуваат да ја разберат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зетот на Трамп бара нов безбедносен договор на преговорите за Украина

ВИДЕО: Преговори меѓу Украина, Русија и САД во Емирати

Хакери тврдат дека во војната во Украина загинале до 450.000 лица поврзани со руската војска

Медведев: Отсега Киев едноставно ќе го игнорира Трамп