Фатена е криминална група во Солун – прошверцува над 17 милиони цигари

Од:

Во координирана акција на грчката полиција во северна Грција била разбиена криминална организација што се занимавала со шверц на цигари и тутунски производи, дистрибуирала над 17 милиони шверцувани цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра, при што уапсени се пет лица.

Од грчката полиција соопштија дека криминалната организација главно дејствувала во Солун, била активна најмалку од јули годинава, а при претресите извршени во станови, магацин и камион што бил целосно натоварен со шверцувани цигари, биле пронајдени и запленети 1.086 картонски кутии со по 500 кутии цигари, односно 543.000 пакувања, што се 10.860.000 цигари, како и 20.128 пакувања тутун, со вкупна тежина од нешто повеќе од еден тон.

Уапсени се пет лица, сите грчки државјани кои имале различни и улоги во криминалната организација, додека пак во предметот се вклучени уште шест лица, кои се веќе идентификувани,

– Според истрагата, вкупната количина на шверцувани тутунски производи што ги дистрибуирала криминалната организација изнесува 1.701 штеки, односно 850.500 пакувања цигари, кои содржеле вкупно 17.010.000 цигари. Очекуваната незаконска заработка на криминалната организација од дистрибуцијата на наведените количини изнесувала 1.360.800 евра, соопштија од грчката полиција.

Би можело да ве интересира

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он