Четворица припадници на турските вооружени сили загинаа при падот на воен хеликоптер од типот „S-70“ во провинцијата Малатија, во источна Турција, потврди Министерството за одбрана на земјата.
🔴SONDAKİKA Malatya Samanköy civarında düşen helikoptere ait ilk görüntüler. https://t.co/JxPzxXyF5C
— Bizmalatyalıyız (@bizmalatyaliyiz) November 12, 2026
Хеликоптерот се урнал во областа Саманкој, во округот Јешилјурт, по што на местото на несреќата биле испратени бројни полициски, противпожарни и спасувачки екипи.
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека се пронајдени остатоците од хеликоптерот и дека веднаш биле започнати операции за пребарување и спасување.
„При падот на нашиот хеликоптер од типот ’S-70‘ во Малатија – чија причина сè уште не е утврдена – загинаа четворица наши воени другари“, се наведува во соопштението на Министерството.
Според досегашните информации, причината за падот на хеликоптерот сè уште не е позната. Надлежните служби продолжуваат со работа на местото на несреќата, а дополнителни детали за околностите на трагедијата засега не се објавени.
