Трамп тврди дека САД ги имаат иранските пари и Ормутскиот теснец

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека на Соединетите Држави повеќе не им е потребен нуклеарен договор со Иран, тврдејќи дека Вашингтон веќе има контрола врз иранските финансии и Ормутскиот теснец.

„Не ни треба договор со Иран. Тие времиња се одамна поминати. Ние ги имаме нивните пари, стотици милијарди долари, а го имаме и нивниот теснец!“ – напиша Трамп на социјалните мрежи.

Сепак, американскиот претседател ги изнесе овие тврдења во момент кога односите меѓу Вашингтон и Техеран сè уште се одбележани со конфликти и спорови околу контролата врз овој воден пат, како и околу нуклеарната програма.

Според „Волстрит џурнал“, Трамп го променил својот претходен пристап и изјавил дека САД немаат потреба да бараат договор со Иран, иако претходно се зборувало за дипломатски контакти предводени од потпретседателот Џеј Ди Венс.

На 8 ноември, Трамп изјави дека земјите на кои САД им пружиле воена поддршка за време на операцијата против Иран, треба целосно да му ги надоместат трошоците на Вашингтон. Според него, без американската помош, тие земји би можеле да престанат да постојат.

Тој исто така наведе дека не очекува ескалација на конфликтот по изборите во САД и повтори дека Иран повеќе нема нуклеарен материјал, бидејќи американските сили ги уништиле соодветните постројки.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постои неверојатно ниво на одбивност кон Израел

А1он

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Трамп: Веќе нема да испраќаме 4 милијарди долари годишно во Израел

А1он

Нов правен пораз за Трамп пред изборите: Врховниот суд одби да блокира над 20.000 гласови во Калифорнија

Последните анкети пред изборите во САД: Демократите со голема предност во Претставничкиот дом, неизвесна трка за Сенатот

Предраг Петровиќ

Трамп се подготвува за пораз: „Ако тргнат по Маск, ќе го заштитиме“

Предраг Петровиќ