(ВИДЕО) Анима Мунди: Коза врзана на покрив на автомобил – во ЕУ за ова се оди во затвор!

Од:

„Замислете го човекот кој во преплашено живо суштество, врзано и изложено на страдање, страв и болка, не гледа апсолутно никаков проблем! Коза на покривот на возило, додека тоа се движи, принудена да се бори за рамнотежа и да се обидува да се исправи. Ова е одвратна суровост без оправдување, крајно непочитување на животот и целосно отсуство на совест, емпатија и одговорност!“ пишуваат на Фејсбук од Здружението за заштита на животните – Анима Мунди.

Тие јавно ја објавија регистрацијата на возилото и порачаа:

„Сакаме во Европската Унија? Тогаш европските стандарди за заштита на животните мора да важат и кај нас не само на хартија! За вакво постапување мора да има сериозна правна одговорност, вклучително и затворска казна доколку се утврдат законските услови. Министре за внатрешни работи, Панче Тошковски, директоре на АХВ, Јовица Андовски – бараме итно постапување, целосно утврдување на одговорноста и примена на најстрогите санкции предвидени со закон“.

Од Анима Мунди бараат „козата веднаш да биде одземена и спасена, да ѝ се обезбедат ветеринарен преглед и сигурно згрижување, а против одговорното лице да се поведе соодветна постапка“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Македонија не е ловечки парк за богати девијантни странци, Анима Мунди бара итна истрага и реакции

Катерина Ѓуровски

Aнима Мунди: Кој може да гарантира било чија безбедност во ЗОО Скопје?

А1он

Уапсете ги сите организатори и учесници ако сакате да покажете дека не сме тиња од држава

Предраг Петровиќ

Кучиња со маркички од Албанија во Скопје – се алармира на организирано носење глутници во главниот град

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он

Свирепо мачење штрк во Гевгелија, Анима Мунди бара итна инстиуционална реакција