Убиство во Будва: Странски државјани вмешани во пукањето

Од:

Едно лице загина во пукање што се случи вечерва во Будва. По потерата, полицијата лиши од слобода едно лице и пронајде два пиштоли, соопшти Управата на полицијата на Црна Гора.

Според информациите од полицијата, во пукањето се вклучени странски државјани, додека црногорските медиуми пренесуваат дека меѓу инволвираните имало и државјани на Турција.

Во соопштението се наведува дека пукањето било пријавено во дежурната служба на Одделението за безбедност Будва околу 21:10 часот.

По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници констатирале дека едно лице е мртво. Потоа, полицијата поставила блокади на патиштата и започнала интензивна акција за идентификација и пронаоѓање на сторителите.

За време на потрагата, полицијата пронајде и лишила од слобода едно лице. На местото на настанот биле пронајдени два пиштоли, како и други докази кои би можеле да бидат релевантни за истрагата.

Известен е надлежниот државен обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, кој раководи со увидот на лице место и со понатамошните истражни дејствија.

Би можело да ве интересира

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он