Иран го отвори својот прв воен камп за обука на жени во Техеран, на плоштадот Азади, како дел од национална кампања која опфаќа воена обука, помош во итни случаи и логистичка поддршка.
Десетици жени доброволки – познати како „Џанфадајан“, кои изразиле подготвеност да ги жртвуваат своите животи за Иран – учествуваа во воени вежби, објави „Ал Џезира“, напоменувајќи дека ова е првиот воен камп за обука наменет исклучиво за жени.
На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледаат жени, облечени во бурки и вооружени со автоматски пушки, како се спуштаат по ѕид со помош на јажиња.
