Димитриеска-Кочоска: Нема никаков ризик од финансиска нестабилност во државата поради Алта банка

Од:

Состојбата е стабилна и нема никаков ризик од каква било финансиска нестабилност во државата поради случајот со Алта банка – Битола. Буџетските корисници имаат сметки во трезорот, а единствените трансакции што се прават од Министерството за финансии (МФ) кон сите банки, не само кон Алта банка, се провизиите што се плаќаат кога се исплаќаат пензиите – рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на надзорната расправа пред Комисијата за финансирање и буџет.

Министерството за финансии, напомена, не гледа никаков ризик од пропаѓање какви било средства зашто буџетските корисници во Алта банка немаат ниту средства ниту депозити.

Димитриеска-Кочоска, одговорајќи на прашања од пратениците, уште еднаш укажа дека треба да се разграничат надлежностите на институциите.

Таа е децидна дека МФ немало никакво учество при презамањето, односно купувањето на банката, ниту дало, како што рече, согласност за продажба.

– Немаме никаква надлежност во целата постапка за продажба, а супервизија и надзор врши Народната банка – рече Димитриеска-Кочоска.

Министерката потврди Алта банка влегла во Македонија на 1 септември кога и официјално ја добила можноста за купување хартии од вредност, а она што го кажа претходно премиерот на надзорната расправа, беше, рече, нешто во врска со купување на Алта банка во Србија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Проверивте ли кој вистински е сопственик на Алта банка, го праша Лукаревска Славески кој вели ги направиле сите проверки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Катерина Ѓуровски

Надзорна расправа за „Алта банка“ во Собранието

Од денеска достапни електронското и мобилното банкарство на Алта банка, од утре се отвора експозитурата во Скопје