Од денеска достапни електронското и мобилното банкарство на Алта банка, од утре се отвора експозитурата во Скопје

Од:

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата и користење на банкарските услуги на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Во рамките на активностите за обезбедување полесен пристап до средствата и непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, клиентите на Банката од денес, 10 ноември, ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари (за две недели) за оние кои не поседуваат.

Лимитот се применува збирно за сите сметки во Банката и ги опфаќа следниве канали: плаќање со картички во трговија или електронска трговија, повлекување готовина од банкомати, повлекување готовина на шалтер во експозитура, како и плаќања преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, од утре со работа ќе започне и експозитура на „АЛТА банка“ АД Битола во Скопје, поконкретно експозитурата во Трговскиот центар „Бисер“, на адресата бул. „Јане Сандански“ бр. 1/1. Со отворањето на оваа експозитура, клиентите на Банката од Скопје и околината ќе добијат полесен пристап до банкарските услуги, без потреба да патуваат во другите градови.

Продолжуваат со работа и експозитурите во Битола, Струмица и Тетово, каде што клиентите можат да ги користат услугите коишто им беа овозможени досега, односно подигање готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и останати потреби.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за постепено проширување на достапноста на банкарските услуги, со приоритет да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

„АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи, а привремената администрација е заштитна мерка којашто се применува до разрешување на сопственичката состојба. Приоритет на Народната банка останува заштитата на интересите на клиентите и зачувувањето на стабилноста на Банката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

Народна банка: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

А1он

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Горан Наумовски

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

На 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен им се исплатени средства во филијалата на Алта банка во Битола

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ