Надзорна расправа за „Алта банка“ во Собранието

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во „АЛТА банка“ АД Битола, постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност.

На надзорната расправа, како што соопшти собраниската прес-служба, се поканети овластени претставници на Владата и органите на државната управа, како и други лица кои можат да дадат информации за прашањето што е предмет на расправата.

На надзорната расправа треба да се разгледаат околностите што довеле до воведување администрација во банката, улогата на Народната банка во постапката, како и одговорноста на надлежните институции.

Во „АЛТА банка“ АД Битола од 1 ноември е воведена привремена администрација, по случувањата со нејзиниот доминантен акционер – „АЛТА банка“ АД Белград, на која ѝ беше одземена дозволата за работа од надлежниот супервизорски орган во Србија, со истовремено донесување одлука за исполнување на условите за поведување стечајна постапка.

Целта на привремената администрација во битолската банка, како што образложи Народната банка, е таа да продолжи да работи, а средствата и интересите на штедачите и другите доверители да бидат заштитени до разрешување на сопственичката состојба.

Администрацијата во „АЛТА банка“ АД Битола треба да трае три месеци, а за администратори беа именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, вработени во Народната банка. Тие ги преземаа надлежностите на Надзорниот и Управниот одбор, како и на Собранието на акционери, освен одлучувањето за зголемување на капиталот на банката.

Администраторите имаат рок од 21 ден да ја утврдат целокупната состојба во банката и да достават извештај до Извршниот одбор на Народната банка.

Во меѓувреме, Народната банка информира дека продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата и користење на банкарските услуги на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Во рамките на активностите за обезбедување полесен пристап до средствата и непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, клиентите на Банката од вчера можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари (за две недели) за оние кои не поседуваат.

Од денеска со работа ќе започне и експозитура на „АЛТА банка“ АД Битола во Скопје, поконкретно експозитурата во Трговскиот центар „Бисер“, на адресата бул. „Јане Сандански“ бр. 1/1.

Продолжуваат со работа и експозитурите во Битола, Струмица и Тетово, каде што клиентите можат да ги користат услугите коишто им беа овозможени досега, односно подигање готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и останати потреби.

Би можело да ве интересира

Од денеска достапни електронското и мобилното банкарство на Алта банка, од утре се отвора експозитурата во Скопје

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

Народна банка: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

А1он

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Горан Наумовски

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

На 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен им се исплатени средства во филијалата на Алта банка во Битола