ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Од:

Две лица загинаа, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово околу 7:25 часот се случи на автопатот А3 во правец кон Загреб, непосредно по клучката Иванич-Град. Се преврте автобус со српски регистарски таблички, потврди хрватската полиција.

Повредените ќе бидат пренесени во болниците во Загреб. На местото на несреќата пристигнале екипи на итната медицинска помош, а според информациите од теренот, бил ангажиран и хеликоптер.

„Утрово, 8 ноември, околу 7:25 часот, на автопатот А3, на 61. километар во правец кон Загреб, непосредно по клучката Иванич-Град, дошло до превртување на автобус со српски регистарски ознаки, при што две лица загинале. Повеќе лица се повредени и медицинската помош ќе им биде укажана во болниците во Загреб. Сообраќајот се одвива забавено, по левата сообраќајна лента. Увидот е во тек“, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија

Хрватски „Рафал“ пресретна авион на „Финер“ означен како потенцијална закана