Кошутиќ: Надлежните институции и ЈО да го разгледаат ревизорскиот извештај за Железници Транспорт, да се утврди одговорност

Од:

Очекувам дека надлежните државни институции, вклучително и Јавното обвинителство, со должно внимание и сериозност ќе ги разгледаат наодите и препораките од Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и, во рамките на своите законски надлежности, ќе преземат соодветни активности за утврдување на евентуалните одговорности – вели во својтата објава на социјалните мрежи, Дејан Кошутиќ, претседател на УО и генерален директор на ЖРСМ ТРАНСПОРТ.

Тој очекува со тоа да се постигне „институционалната отчетност, владеењето на правото и утврдувањето на одговорноста“ како „неопходни предуслови за враќање на довербата во железничкиот систем“.

„Истовремено, неопходно е да се создадат услови менаџментот на ЖРСМ Транспорт целосно да се посвети на својата примарна задача – стабилизација на работењето, финансиска консолидација, обнова на возниот парк и спроведување на започнатите реформи за модернизација и развој на македонската железница. Минатото бара одговорност. Иднината бара работа, реформи и резултати“, истакнува Кошутиќ.

Неговата рекација доаѓа по Конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на ЖРСМ Транспорт АД Скопје (објавен на 3 ноември 2026 година) кој содржи сериозни наоди за финансиската нестабилност, лошото управување и критичната состојба со возниот парк во текот на 2024 година, а кои наоди всушност се однесуваат на работењето ан претходното раковдство во време на претходната Влада и дел од наследните состојби од тоа работење. Ревизорите изразија неповолно мислење за вистинитоста на финансиските извештаи и за усогласеноста на работењето со законите.

Би можело да ве интересира

На 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен им се исплатени средства во филијалата на Алта банка во Битола

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет

Предраг Петровиќ

Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ

Фокуснет – Телеком: 24 години судски спор, милионска отштета и разрешени судии

Предраг Петровиќ