(ВИДЕО) Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелка во близина на Денвер

Од:

Еден полицаец загина, а тројца негови колеги беа ранети во престрелка со маж во предградие на Денвер, во американската сојузна држава Колорадо. Осомничениот бил убиен по размената на оган, соопштија надлежните органи.

Полицијата интервенирала по пријава за сомнително лице кое се обидело да влезе во автобус и за кое постоело сомнение дека претходно во текот на денот било вмешано во сообраќајна несреќа по која возачот избегал од местото на настанот, пренесе Асошиејтед прес (АП).

Кога полицајците пристигнале кај автобусот, околу 18:30 часот, мажот отворил оган. Засега не е познато дали престрелката се случила во автобусот или во негова непосредна близина.

Тројцата ранети полицајци се хоспитализирани. Повредено е и уште едно лице, но засега нема информации за неговата здравствена состојба ниту за околностите под кои се здобило со повредите.

Имињата на загинатиот полицаец, ранетите и осомничениот не се објавени.

Би можело да ве интересира

Едно лице загина, осум се повредени во масовно пукање во Алабама

(ВИДЕО) Пукање во близина на универзитет во Флорида, 12 се повредени, меѓу нив и шест деца

Пукотница во САД: Две лица загинаа, ранети се тројца полицајци

(ВИДЕО) Масовно пукање во Чикаго: Едно лице загина, деветмина се повредени

Горан Наумовски

Осум лица, меѓу кои четири деца, загинаа во Монтана

Вооружен напад во Северна Каролина, има мртви и ранети

Горан Наумовски