Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Од:

Криминалната група делувала организирано и нивните активности се вршеле од 2021 година до сега. Значи, дејствувала на територија на Куманово повеќе од 5 години. Некој се охрабрил да напише информација, да ја достави во рамки на полицијата и како полиција постапуваме одлучно, постапуваме по секоја дадена информација и не правиме никаква толеранција ниту кој е извршител на одредени незаконски дејства и прибираме докази и дејствуваме оперативно и со собирање на материјални докази кон секој поединец, без разлика дали се прикриваат зад одредени имиња или групации, рече директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при МВР, Александар Јанев во одговор на новинарско прашање за денешната полициска акција во Куманово каде се работи за сузбивање на група осомничлена за лихварство, изнуда и перење на пари.

Додаде дека со денешната акција во Куманово против пет лица ќе биде поднесена кривична пријава за кои полицијата има сериозни докази и факти за стореното, како и за целокупната активност која ја имале.

-Направени се претреси кај сите и притоа е пронајдена поголема количина на пари, документи којашто упатува дека лицата се занимавале со позајмување пари, вршеле изнуди и врз основа на тоа продолжено е да се прави претрес во нотарска канцеларија во Куманово, а исто така известена е Народна банка, бидејќи се пронајдени финансиски средства кои потекнуваат од менувачница на брат на еден од осомничените. Народна банка таму врши контрола и ревизија за евентуални наоди дали готовината потекнува од менувачницата, истакна Јанев.

Посочи дека во текот на постапката при претресите очекува превозните средства и целокупната документација, телефони и сите битни предмети кои може да бидат во интерес на истрагата да бидат одземени, а во координација со надлежен јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он