Рафинерија за нафта во рускиот град Рјазањ синоќа беше нападната со беспилотни летала. На телеграм-каналите кои ги следат воените случувања беа објавени снимки од експлозии и голем пожар.
Телеграм-каналот „Exilenova+“ објави дека дроновите стигнале до индустриската зона на рафинеријата, која е едно од најголемите постројки за преработка на нафта во Русија, пренесува „Киев индепендент“.
A nighttime panorama of the Ryazan oil refinery, targeted by Ukrainian Defense Forces strike drones today.
Following a series of explosions, several fires were observed in the industrial area. https://t.co/UqpWUqJ4xo
— Exilenova+ (@Exilenova_plus) November 5, 2026
На снимките објавени на интернет се гледа дејствување на руската противвоздушна одбрана, по што следува силна експлозија и блесок што го осветлил ноќното небо. Други видеа прикажуваат пламен и густ чад над областа.
„Киев индепендент“ засега не можел независно да ја потврди автентичноста на снимките, ниту дали рафинеријата претрпела штета.
Гувернерот на Рјазањската област, Павел Малков, потврди дека регионот во текот на ноќта бил цел на масовен напад со дронови и извести за пожари во индустриски објекти во градот.
„Во индустриските објекти во Рјазањ избувнаа пожари“, изјави Малков, додавајќи дека остатоци од соборени дронови предизвикале штета на повеќе локации во регионот.
Ryazan Oil refinery https://t.co/0Fmwut83a6
— Exilenova+ (@Exilenova_plus) November 5, 2026
Поради оштетување на далноводите, делови од Рјазањ останале без електрична енергија. Во училиштето број 58 биле искршени прозорците, поради што властите ја откажале наставата.
Оштетени биле и станбени објекти во Рјазањскиот округ, додека во Рибновскиот округ се запалила нестамбена зграда.
Според гувернерот, едно лице било повредено и му била укажана лекарска помош. Малков не прецизираше кои индустриски објекти биле погодени, ниту ја потврди информацијата за оштетување на рафинеријата.
Со рафинеријата во Рјазањ управува рускиот државен нафтен гигант „Роснефт“. Постројката има годишен капацитет за преработка од околу 17 милиони тони сурова нафта и се наоѓа на околу 500 километри од украинската граница.
Во неа се произведуваат бензин, дизел, авионско гориво и други нафтени деривати.
Украински дронови и во изминатите месеци повеќепати ја напаѓаа оваа рафинерија. По нападот на 15 октомври, постројката наводно го прекинала работењето на една од главните единици за дестилација на сурова нафта, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извори од индустријата.
Украина продолжува со нападите врз руската нафтена инфраструктура со цел да го наруши снабдувањето со гориво и да ја ослаби способноста на Москва да ја финансира војната.
