Извештај на ЕК 2026: сè е полошо. Нула напредок против корупција, слобода на изразување и јавните набавки. Судство под политичка опсада и без пари. 40 тужби против новинари – тројно повеќе од лани. Медиумите под притисок, стои во објавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче на социјалната мрежа „Х“.
– Земјоделство пред колапс. Власта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена. Сè оди надолу. Како да биде кога мафија владее со земјата?, вели Филипче.
