Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Од:

Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања – рече премиерот Христијан Мицкоски на панелот „Отпорност како императив за севкупното општество“, што се одржа во рамките на самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија во Диселдорф.

Како што истакна Мицкоски, сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка на ЕУ, а на сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ.

– Во Диселдорф учествував на самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде што на панелот „Отпорноста како императив за севкупното општество“ истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања. Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка на ЕУ, а на сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ, а кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот. Не секогаш рушењето на системот е предизвикано од оружје, туку и со други ресурси. Затоа е потребна робусна акција на ЕУ кога земја кандидат се бори со прашања од минатиот век поставени од земја членка на ЕУ – објави Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Членството во ЕУ, потенцирал премиерот на панелот, значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитетот.

– Почнавме пред 26 години, дури и пред Хрватска, која сега е земја членка на ЕУ. Се бориме за нашите права, дел сме од НАТО, целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ, ја штитиме ЕУ од нелегална миграција од членки на ЕУ, и така ќе продолжиме – нагласил Мицкоски на панелот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации