Јотова и Валчев водат со над 57 отсто од гласовите на претседателските избори во Бугарија

Од:

Илијана Јотова и Кирил Валчев освоиле меѓу 57,1 и 58,1 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат податоците од излезните анкети на социолошките агенции „Мјара“ и „Алфа Рисрч“.

Според податоците на „Мјара“, при обработени 90 отсто од податоците, Јотова и Валчев добиле 58,1 отсто од гласовите, додека нивните противкандидати Андреј Ѓуров и Георги Кандев освоиле 38,6 отсто. Опцијата „Не поддржувам никого“ ја избрале 3,2 отсто од гласачите.

Разликата меѓу двата кандидатски пара, според „Мјара“, изнесува 19,5 процентни поени, а излезноста до 20 часот била 27 отсто.

Податоците на „Алфа Рисрч“, врз основа на 80 отсто од паралелното броење, исто така покажуваат водство на Јотова и Валчев со 57,1 отсто од гласовите. Ѓуров и Кандев добиле 39,3 отсто, додека 3,6 отсто од гласачите ја избрале опцијата „Не поддржувам никого“.

Според оваа агенција, разликата меѓу двата пара изнесува 17,8 процентни поени, а излезноста до 20 часот била 28,1 отсто.

Резултатите се прелиминарни и се однесуваат на излезни анкети и паралелно броење, а не на конечните официјални резултати на Централната изборна комисија на Бугарија.

Би можело да ве интересира

Само 6,11 отсто излезност во Бугарија до 11 часот, поднесени 16 приговори

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател

Вкупно 352 Бугари во Македонија гласаa на изборите за претседател на Бугарија – најмногу за двојката Јотова и Влчев

Горан Наумовски

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Бугарија избира претседател: Јотова со предност во анкетите

Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев, се бара на протестите во Бугарија

А1он