Трагичен настан во Косово: Маж и бебе се пронајдени мртви во село кај Гњилане

Од:

Дваесет и седумгодишен маж и бебе се пронајдени мртви утрово во куќа во село во близина на Гњилане, пренесува „Indeks Online“.

Исмет Хашани, портпарол на полицијата за регионот на Гњилане, изјави дека полицијата денеска, околу 8:47 часот, добила информација за две пронајдени тела во куќа во селото Демирај.

„На 1 ноември 2026 година, приближно во 8:47 часот, добивме информација дека во куќа во селото Демирај, во општина Гњилане, наводно се наоѓаат две безживотни тела – машко лице родено 1999 година и бебе. На лице место веднаш беа упатени соодветни полициски единици, државен обвинител и екипа на брза помош, при што лекарот констатираше дека кај двете лица нема знаци на живот“, изјави Хашани.

Тој додаде дека, по налог на државниот обвинител, телата ќе бидат испратени во Институтот за судска медицина во Приштина за извршување на обдукција.
Dvaeset i sedumgodišen maž i bebe se prona

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во куќа во Скопје

Горан Наумовски

Осма жртва од западнонилска треска

Мртов маж е пронајден во автомобил на паркингот пред болницата во Куманово

Горан Наумовски

Во Шефилд e пронајдено тело на новороденче, засега седум лица се уапсени

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во поликлиниката „Драчево“

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски