ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Од:

Богданци заслужува повеќе од недовршени проекти, неоправдани трошоци и пропуштени можности. По три градоначалнички мандати на Блаже Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици во урбанистичкиот развој, привлекувањето инвестиции, образованието и управувањето со јавните средства. Наместо јасна развојна стратегија што ќе ги постави темелите за иднината на општината, граѓаните денес се соочуваат со прашања за функционалноста на реализираните проекти, одговорноста за потрошените средства и отсуството на услови за економски развој, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Недостигот од урбанистичко планирање ја ограничува иднината на Богданци. Без соодветна урбанистичка документација, нови станбени зони и простор за развој на бизнисите, општината тешко може да привлече нови инвестиции и да создаде услови за отворање работни места. Последиците ги чувствуваат граѓаните, особено младите кои својата иднина сè почесто ја гледаат надвор од родното место.

Дополнително загрижува состојбата со образованието. Намалувањето на бројот на ученици во средното општинско училиште и губењето на дел од образовните можности се сериозен сигнал дека е потребен поинаков пристап. Без квалитетно образование, нови работни места и подобри услови за живот, тешко е да се очекува младите да останат во Богданци.

Посебно внимание заслужува и управувањето со јавните средства. Реконструкцијата на училиштето, прекопувањето на веќе изградените улици за поставување водоводна мрежа и проблемите со дел од инфраструктурните проекти отвораат прашања за квалитетот на планирањето и контролата на изведбата.

Истовремено, загубите на Јавното комунално претпријатие, кои според достапните податоци надминуваат 200.000 евра во последните шест години, укажуваат на потребата од сериозна анализа на финансиското работење.

Граѓаните имаат право да знаат колку чинат проектите што се реализираат со нивните пари, дали ги исполнуваат своите цели и кој сноси одговорност кога резултатите не соодветствуваат со вложените средства.

На Богданци не му се потребни само проекти на хартија, туку резултати што го подобруваат секојдневниот живот. Потребни се услови за нови инвестиции, современо урбанистичко планирање, поквалитетни образовни можности и одговорно управување со јавните претпријатија како и конкретни решенија што ќе ги стават потребите на граѓаните на прво место, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ