Едно лице загина, а осум други беа ранети синоќа при масовно пукање пред стадионот „Леџион филд“ во Бирмингем, Алабама, соопшти денеска полицијата во Бирмингем.
Полицијата наведе дека биле испукани повеќе истрели нешто по 19:50 часот, пренесува ABC.
Шефот на полицијата, Мајкл Пикет, изјави дека едно лице е во критична состојба, додека останатите седуммина повредени се во стабилна состојба.
