Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно им вети на Американците по 5.000 долари, во случај на победа на Републиканската партија на изборите за Конгресот, закажани за вторник, 3 ноември, објави денеска американската телевизиска мрежа „ABC“.

„Ова се најважните избори во историјата“, им рече Трамп синоќа на своите поддржувачи во Дејтона Бич, Флорида.

Американскиот претседател ја искористи можноста да го повтори ветувањето дека секој граѓанин ќе добие 5.000 долари доколку републиканците победат на изборите – ветување кое покрена прашања како во однос на неговата законитост, така и во однос на тоа како би се финансирало.

„Републиканците имаат шанса да постигнат добар резултат. Можеби дури и многу добар“, изјави Трамп, говорејќи од Овалната соба пред да замине на митинг на Флорида.

Сепак, тој набргу ги ублажи своите изјави, со оглед на тоа што неговата популарност е на најниско ниво досега, поради високите трошоци за живот и тензиите со Иран.

„Обично, претседателот – без разлика дали е добар или лош, републиканец или демократ – губи на изборите во средината на мандатот, на кои се избираат сите членови на Претставничкиот дом и една третина од членовите на Сенатот“, рече Трамп.

До петокот напладне, 47,9 милиони Американци веќе го искористија своето право на глас преку овозможеното предвремено гласање.

Би можело да ве интересира

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина

А1он

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Синот на Болсонаро побегна во САД по изборниот пораз, Трамп му одобри виза

Горан Наумовски

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он