Вкупно 104 болни и немоќни лица и 8 лица кои се наоѓаат во казнено-поправните установи го остварија своето право на глас во пресрет на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
Според податоците на Државната изборна комисија, од деветте пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи во државата, гласаа осум лица.
Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, своето избирачко право го искористија 104 лица.
Од ДИК соопштија дека гласањето во текот на денот се одвива без проблеми и дека на сите гласачи им е овозможена непречена и слободна реализација на правото на глас.
Вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе се одржи утре.
