На различни локации во Скопје, Прилеп, Демир Капија, Боговиње и Штип, полициски службеници уапсија 13 лица на возраст од 18 до 46 години, кај кои биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, таблети и предмети со прашкаста содржина.
Од МВР информираат дека во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Т.(37), М.А.(32), Л.А.(18), Е.Ѓ.(23), О.Ј.(22), О.К.(26), сите од Скопје, М.Х.(19) од населба Илинден, скопско, И.С.(35) од село Ново Село, гостиварско, и Г.К.(46) од Кочани, откако кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја.
Вчера, во 16:00 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека полициски службеници од затворската полиција при Казнено-поправната установа Затвор – Прилеп, при извршен преглед на осуденото лице И.Р.(32) од Прилеп, пронашле прашкаста материја, повеќе таблети во различни бои, како и предмети со прашкаста содржина.
Синоќа, во 21:00 часот, во село Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Х.О.(44) од с. Пирок, откако кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица.
Ноќеска, во 01:00 часот, во Демир Капија, полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија го лишиле од слобода С.Р.(29) од село Корешница, демиркаписко, кај кого при преглед биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблета. За настанот бил известен јавен обвинител.
Вчера во 19:05 часот, во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.И.(26) од Скопје. При извршување службени задачи, полициските службеници забележале дека тој користи марихуана, по што го фрлил отпушокот, кој бил пронајден и одземен.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, најавија од МВР.
