Возач излета од патот кај Трубарево, па заврши со „мерцедесот“ во двор – двајца се повредени

Од:

МВР информира дека рано утринава во 01:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Пријателство“, атар на с. Трубарево, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од с. Батинци, скопско, изгубило контрола и излетало од патот, кое притоа влегло во дворно место од семејна куќа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Н.М. и неговиот сопатник Д.Г.(39) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Со фалс платен налог измами тетовец за 13.500 евра – кривична за скопјанец

А1он

Син нападна мајка во Гевгелија, а ќерки ги натепаа мајките во Скопје и Кочани

А1он

Син тепаше мајка, татко со закани кон синот, најмногу напади на сопругите – за едно деноноќие 15 пријави за семејно насилство

А1он

Женска тепачка кај Бит Пазар – скопјанка нападната од сосетките

А1он

Пијан возач направи сообраќајка во Охрид – полицајците му измерија 3,05 промили алкохол во крвта

А1он

За шест часа полицајците напишаа 708 казни за брзо возење

А1он