Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

Од:

Американската судијка Трина Томпсон му забрани на Министерството за правда да се заканува со кривично гонење на изборните службеници кои не постапуваат според барањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Оваа одлука доаѓа само неколку дена пред изборите на средината на мандатот во САД, кои ќе одлучат кој ќе има контрола врз Конгресот. Републиканците моментално имаат тесно мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот.

Одлуката ја донесе окружната судијка Трина Томпсон, постапувајќи по тужба поднесена од синдикатот на вработените во изборниот процес и неколку други организации.

Томпсон оцени дека Министерството за правда ги пречекори своите овластувања со тоа што се заканува со кривично гонење на службеници кои не соработуваат со иницијативите на администрацијата на Трамп.

„Јавноста има суштински интерес изборните службеници и вработени да можат да си ја вршат работата во согласност со федералните закони и изборните процедури, особено со оглед на тоа што денот на изборите е оддалечен само неколку дена“, наведе таа во привремената судска забрана.

Меѓу другото, судијката ѝ забрани на администрацијата да бара бришење на гласачи од избирачките списоци, задржување на гласачки ливчиња или распределба на гласачки ливчиња врз основа на список со лица за кои администрацијата тврди дека не се американски државјани.

Во последните месеци, администрацијата на Трамп вршеше притисок врз сојузните држави да достават податоци за регистрираните гласачи, тврдејќи дека се потребни построги мерки за да се спречат изборни измами и да се зачува довербата на јавноста.

Сепак, потезите на администрацијата наидоа на критики од експерти и изборни службеници, вклучително и од некои републиканци, кои сметаат дека федералната влада ги пречекорува своите овластувања и навлегува во надлежностите на сојузните држави.

Судијката Трина Томпсон беше назначена од поранешниот претседател Џозеф Бајден.

Министерството за правда не даде моментален коментар за одлуката на судот.

Би можело да ве интересира

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина

А1он

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Синот на Болсонаро побегна во САД по изборниот пораз, Трамп му одобри виза

Горан Наумовски

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме