Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека телефонски разговараше со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија.
„Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победа, и му посакав успех во периодот што следува. Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави“, порача Мицкоски.
