Илија Срдановиќ за изборот на членови на идната Влада на Србија: Студентите избраа 250 експерти!

Од:

Суштината на движењето што го започнаа студентите во Србија е отвореноста за конструктивна соработка и дијалог со сите страни, вели Илија Срдановиќ, носителот на победничката изборна листа на вонредните парламентарни избори во Србија, додавајќи дека тоа секако ќе биде фактор за стабилизирање на добрососедските односи во претстојниот период.

Срдановиќ го изјави ова во своето прво интервју за хрватскиот портал „Индекс“.

На прашањето како ќе ги изберат премиерот и министрите и кој ќе ги носи тие одлуки, тој вели дека студентите избраа 250 експерти од различни области: економисти, правници, финансиски експерти, спортисти, културни работници, лекари, просветни работници.

Практично, додаде Срдановиќ, не постои сегмент од општеството што не е опфатен со широчината на таа листа.

– Сега имаме голем број мандати во Собранието и меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – рече Срдановиќ.

Движењето, вели тој, не е само она што се гледа на листата, туку претставува пошироко граѓанско обединување во Србија кое сака да оди напред.

– Преку меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – рече Срдановиќ.

Движењето, објаснува тој, прерасна во „Студентска листа“ и граѓанска иницијатива, водена од студентските барања и студентското раководство.

Како одговор на констатацијата дека се најавени бројни реформи – од правосудството и полицијата, па сè до борбата против корупцијата и слободата на медиумите – како и на прашањето што ќе биде приоритет и дали очекува опструкции, Срдановиќ вели дека задачата не е лесна. Тој додава дека многу институции треба да се ослободат од партиски кадри, кои, според него, направиле сериозни пропусти.

„Затоа, првите чекори во полицијата, обвинителството и правосудството ќе бидат од клучно значење“, рече Срдановиќ, додавајќи дека за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми.

На прашањето дали тоа значи дека ќе го интензивираат пристапот кон Европската унија и посилно ќе ја насочат Србија кон членство, носителот на листата „Студентите победуваат“ вели дека во изминатиот период е изгубена поддршката од 20 отсто од граѓаните на ЕУ, но нагласува дека нивните основни вредности се многу блиски до европските цивилизациски вредности.

„Затоа не гледам пречка за подобрување на соработката и продолжување на европските интеграции“, изјави Срдановиќ.

Срдановиќ потврди дека остварил контакт со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој му честитал за победата и изразил надеж за идна соработка, која ќе биде конкретизирана по формирањето на новата влада.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Новите лидери во Србија се пред тешки предизвици, а Косово сметаат дека сè уште е составен дел од земјата

А1он

Вучиќ изгуби во 26 од 29 градови во Србија

А1он

ВИДЕО: Еуфорично се слави на улиците низ Србија

(ВИДЕО) Вучиќ: Ги загубивме изборите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Затворени се избирачките места во Србија: повторно шатори во Пионерскиот парк, студентите повикуваат на смиреност

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Сопствениците на локали во центарот на Белград ги заштитуваат излозите