Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Од:

Петнаесетгодишно момче од тетовското село Боговиње било донесено во Клиничкиот центар во Тетово со прострелна рана во пределот на стомакот, информира МВР.

Случајот бил пријавен на 24 октомври во 14:10 часот. Подоцна во Полициската станица Тетово се самопријавиле 42-годишен жител на Боговиње и неговиот 16-годишен син, кои предале пиштол со една празна рамка.

Според изјавата на таткото, настанот се случил околу 13:45 часот во Боговиње, кога од невнимание испукал еден куршум од пиштолот што го носел неговиот малолетен син.

Увидот бил извршен во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово и претставници на Центарот за социјални работи Тетово.

Шеснаесетгодишникот бил задржан за понатамошна постапка. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени