Две лица загинаа, а осум се повредени во напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Фахд“ во Дамам, во источна Саудиска Арабија, соопшти денеска Саудиската општа управа за цивилно воздухопловство.
Меѓу загинатите има државјани на Саудиска Арабија и на Индија, додека осумте повредени се здобиле со повреди кои варираат од полесни до тешки, пренесе Ројтерс.
Операциите на аеродромот се обновени, а воздушниот сообраќај е нормализиран, наведува Управата.
