Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Од:

Полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ – Охрид, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, во близина на граничниот премин Ќафасан го уапсија Б.Б. (40) од Гостивар.

-При преземање мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, лицето било затекнато со црна вреќа во која имало околу еден килограм марихуана. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава против лицето.

Би можело да ве интересира

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана