Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна

Од:

Левица обвинува дека студентскиот дом „Стив Наумов“ се соочува со сериозни проблеми неполн месец по вселувањето на студентите, и покрај тоа што за неговата реконструкција беа издвоени околу 10 милиони евра.

Од партијата велат дека на фотографии објавени во јавноста се гледа како вода протекува низ ѕидовите по дожд, а до нив пристигнуваат и информации за проблеми со греењето, водоснабдувањето, електричната енергија и интернетот.

„Дополнително, до Левица пристигнуваат информации дека во домот нема парно, од чешмите на студентите им тече кал, дел од домот на периоди останува без струја, интернетот е слаб, а веќе пукнале и цевки. Проблемите не завршуваат со инфраструктурата – студентите се жалат и на мизерната исхрана“, се наведува во соопштението.

Од партијата посочуваат дека реконструкцијата траела повеќе од две години, а проектот со месеци бил претставуван од министерката за образование и наука Весна Јаневска како успех на Владата и гаранција за подобар студентски стандард.

„Милиони евра јавни пари, години реконструкција и дом кој неполн месец по вселувањето се соочува со вода, дефекти, проблеми со греењето, струјата и водата за пиење“, наведуваат од Левица.

Партијата оценува дека студентите се маргинализирани и дека условите за живот и студирање, ниските студентски примања и растечките трошоци се меѓу причините поради кои младите ја напуштаат државата.

Левица бара итно санирање на сите проблеми во „Стив Наумов“, како и утврдување одговорност за квалитетот на реконструкцијата, спроведениот надзор и начинот на кој се потрошени јавните средства.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он

Левица: По скандалот со Македониумот, Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директор на музејот во Крушево

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките