До крајот на неделата Франција ќе формира тим од воени лекари кои ќе бидат испратени на јорданско-сириската граница.
Францускиот претседател Франсоа Оланд побарал од министерствата за одбрана, надворешни и внатрешни работи да преземат неопходни мерки за исполнување на таа одлука.
Воените лекари ќе даваат помош на повредените во воените дејствија во Сирија како и на бегалци од реонот на конфликтот.
Според претставник од Кабинетот, не се исклучува можноста за давање лекарска помош и за непосредни учесници во конфликтот. Укажувањето помош на настраданите од воените дејствија во Сирија е составен дел од напорите на Франција за уредување на сириската криза.