Во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кондово, скопско, М.Б.(38) од с.Студеничани, скопско, додека извршуваше градежни работи на куќа во изградба доби струен удар, по што падна на земја и почина, информира МВР.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.
Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.
