(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Овалната соба остро го прекина новинарот Ендру Фајнберг од „Индипендент“ и му порача да замолчи. Инцидентот се случи додека Трамп одговараше на новинарски прашања.

Фајнберг се обиде да постави прашање за промените во паркот Ист Потомак, меѓу кои е и изградбата на нов терен за голф.

„Што се однесува до теренот за голф, господине, вие поседувате многу терени…“, почна новинарот, но Трамп го прекина.

„Чекај, чекај, чекај, чекај“, рече претседателот. Кога Фајнберг се обиде да продолжи, Трамп додаде: „Тишина, тишина“.

Потоа, видно изнервиран, го праша: „Што не е во ред со вас? Дали сте болен?“

„Колку што знам, не сум, господине“, одговори новинарот.

Фајнберг подоцна во својот извештај напиша дека неодамна бил на редовен систематски преглед и дека е здрав. Тој нагласи дека само си ја вршел работата и најави дека следниот ден повторно ќе се врати на работа.

На инцидентот реагираше и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој го нападна Фајнберг на социјалната мрежа Икс.

Објавувајќи ја снимката од разговорот, Венс напиша: „Претседателот Доналд Џ. Трамп го уништи имбецилниот ‘новинар’ Ендру Фајнберг поради неговото несоодветно однесување во Овалната соба“.

Фајнберг му одговори: „Ако веќе планирате да ме навредувате, имајте барем храброст да го означите мојот профил“.

Односите на Трамп со медиумите се напнати во текот на двата негови претседателски мандата, а тој често упатува вербални напади кон новинарите.

Минатиот ноември, во претседателскиот авион „Ер форс уан“, Трамп ја навреди новинарката која го праша за документите поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

„Тивко, прасенце“, ѝ рече тогаш американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани