ВИДЕО: Златар шверцувал накит вреден 65 илјади евра

Од:

Царинскитеслужбеници на граничниот премин Богородица откриле и заплениле златен накит вреден 4 милиони денари кај патник од Тетово, сопственик на златарница, кој се обидел да го прошверцува во перница за врат додека се враќал со автобус од Истанбул. Против сторителот е поднесена кривична пријава за кривично дело шверцување.

Царинската управа соопшти дека кривичното дело е откриено при контрола на автобус, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар.

– На прашањето дали имаат нешто да пријават, ниеден од патниците не пријавил стока за царинска контрола по што е извршен детален преглед. Притоа во внатрешноста на перницата за врат што ја носел осомничениот се откриени 77 парчиња златен накит со тежина од 612 грама – соопшти Царинската управа.

Управата посочува дека во предистражната постапка на Одделението за истраги се обезбедени докази дека тетовецот имал намера златниот накит што го купил од златарска работилница во Истанбул нелегално да го пренесе во државата и да го продава во својот златарски дуќан.

– Царинската управа продолжува со активностите насочени кон заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување услови за фер економија – се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Балканска шверцерска група падна со 79 килограми марихуана на македонско-грчката граница

Операција „Филтер“: 13 приведени, претреси на 20 локации

Катерина Ѓуровски

На Табановце запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари

ВИДЕО: Накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари запленет на скопскиот аеродром

ВИДЕО: Албански државјанин фатен со половина милион евра на Табановце

Катерина Ѓуровски

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски