Минчев: Граѓаните не живеат од ветувања, туку од резултати што ги чувствуваат

Од:

Под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска во Кавадарци продолжи со отчетот пред граѓаните за сработеното во изминатите две години, се вели во соопштението од ЗНАМ.

Генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање испрати јасна порака дека довербата од граѓаните се оправдува со работа, храбри одлуки и конкретни резултати, а не со празни ветувања. Тој се осврна на реформите во јавната администрација, капиталните инвестиции и обврската институциите да испорачуваат резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневниот живот.

-Со законскиот пакет за административните службеници и вработените во јавниот сектор, како и со Законот за високи раководители, поставуваме
основа за професионална администрација, систем на заслуги и јасна одговорност на раководните позиции. Целта е знаењето, стручноста и
резултатите да бидат критериум за напредување, а не привилегиите и партиските влијанија. Со подготовката на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници инвестираме во луѓето и во нивната способност да обезбедат поквалитетни услуги за граѓаните- истакна Минчев.

Во своето обраќање, Минчев се осврна и на капиталните инвестиции и поддршката за локалниот развој. Повеќе од 1.200 локални проекти се
поддржани и се завршени или се во фаза на реализација во општините низ државата, опфаќајќи инфраструктура што директно влијае врз квалитетот на
животот на граѓаните. Тој ги посочи и значајните патни проекти, меѓу кои автопатот Скопје–Блаце и патните правци Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани, Букојчани–Кичево, Кичево–Охрид и Прилеп–Битола, како инвестиции важни за поврзувањето на регионите и економскиот развој.

-Резултатите мора да се гледаат таму каде што живеат граѓаните, во подобри локални патишта, подобра инфраструктура, пофункционални институции и нови можности за развој. Не е доволно да зборуваме за развој, туку мора да создадеме услови луѓето да го почувствуваат- нагласи Минчев.

На панел-дискусијата во Кавадарци се обрати и потпретседател на ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој се осврна на земјоделството и поддршката за земјоделците. Во градот кој е еден од симболите на македонското лозарство и винарство, поддршката за земјоделското производство има особено значење за локалната економија и егзистенцијата на многу семејства.

Дополнително свое обраќање имаа и директорот на Центарот за комуникација на ЗНАМ и директор на ПИОМ, Никола Мемов, кој говореше за пензискиот
систем и сигурноста на пензионерите, како и директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, која се осврна на заштитата на животната средина и инспекцискиот надзор.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со средбите на терен, затоа што отчетот пред граѓаните е обврска што не смее да се сведе на зборови.
Две години работа се мерка за преземената одговорност, но и обврска да се продолжи понатаму, со реформи, инвестиции и резултати што ќе се гледаат во секоја општина и ќе се чувствуваат во секое домаќинство.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ предлага измени на Законот за семејството: Посвоените лица да можат да добијат информации за своето потекло

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји!

А1он

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски