(ВИДЕО) Манасиевски: Некредибилниот Барбов да каже на јавноста дали под притисок на Заев и Филипче го изготви извештајот за Михаилова?

Од:

Осудениот криминалец Иван Барбов кој е другар на аболицираниот криминалец Зоран Заев, треба да каже дали добил повик од врховниот лидер на СДС Заев за Михаилова или пак Филипче е тој којшто ургирал? Барбов потрвди дека Заев му ѕвонел за преглед на пациенти но, Барбов треба да каже дали се слушал и со Филипче и дали тој му ургирал за извештајот за Михаилова, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Доктор со криминално минато, лице за кое Стејт Департментот на САД го смета за контроверзно, директор на кој ДЗР му нашло незаконито работење, а секако правосудните органи не спровеле случај, се вика Иван Барбов. Ваков човек е лесно да искористите, особено ако сте го назначиле и за директор на клиника, а токму тоа го направиле Филипче и Заев. Очекуваме одговори и истрага дали зад извештајот за Ива Михаилова стојат Филипче и Заев, со цел да и помогнат на Бугарија да одглуми некаква жртва во политичка смисла, нагласува Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Демерџиев: Бугарската полиција нема да ја врати Ива Михаилова на „српските власти“ во Македонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски