Преведувачка од Словенија доби признание „Блаже Конески“: „Македонскиот јазик сè помалку звучи македонски“

Од:

„Македонскиот јазик веќе не звучи македонски“, предупреди словенечката преведувачка Соња Должан во обраќањето по повод признанието „Блаже Конески“, кое денеска ѝ го додели Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Таа повика на секојдневна грижа за јазикот и порача: „Не смееме да кажеме дека сме беспомошни“.

„Знам дека понекогаш е непријатно кога некој од страна ви соли памет, но јас не сум од страна, јас македонскиот јазик го сметам за својот втор прв јазик, а Македонија за своја втора татковина“, нагласи Должан.

Должан укажа на употребата на странски зборови и кога за нив постојат македонски соодветства. Но, нагласи таа, проблемот не е само во лексиката, туку и во синтаксата, односно во начинот на кој се обликува македонската реченица.

Таа изрази загриженост дека, ако не се чува македонскиот јазик, децата нема да ги разбираат книжевните дела напишани на него, ниту ќе знаат да го употребуваат самиот јазик.

„Треба да бидеме упорни и да го употребуваме македонскиот јазик во секоја пригода, треба да докажеме дека и за бизнисот, а и за компјутерските науки може да се зборува на македонски, ако треба, ќе мораме и да се бориме за него, а не по линија на најмал отпор да кажуваме дека веќе ништо не може да се стори“, порача Должан.

Кај Весна Мојсова-Чепишевска ја пронашла „Пеперуга“ од детството

Признанието, нагласи Должан, за неа е чест и обврска да продолжи да ги промовира Македонија, македонскиот јазик, културата и литературата. Но тоа што го носи името на Блаже Конески за неа има и особена емотивна вредност, поврзана со еден училиштен час од детството.

„Јас на Блаже Конески му се восхитувам уште од петто одделение на основно училиште. Имено, тогаш на еден единствен час на училиште учевме македонски. Го читавме лирскиот запис ‘Пеперуга’. Јас тогаш бев дете и заборавив кој беше авторот, но записот не можев да го заборавам“, раскажа Должан.

Би можело да ве интересира

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Одбележани 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски со промоција на изданија на МАНУ

МАНУ: Македонија има потенцијал да стане лидер во рударството во регионот

Катерина Ѓуровски

Кромберг & Шуберт Македонија прогласен за „Најпосакуван работодавач“ по втор пат

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Попов: Потребни се коренити реформи во научноистражувачката дејност и високото образование