На Инфективната клиника почина пациентка со западно-нилска треска, уште една е во тешка состојба

Од:

На Инфективната клиника почина 66-годишна пациентка од Росоман, кај која лабораториски беше потврден тежок облик на западно-нилска треска со засегање на централниот нервен систем. Ова го изјави директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, кој рече дека пациентката имала многу придружни хронични заболувања и клиничкиот тек бил многу тежок и настапил смртен исход.

Тој посочи дека вкупно има 11 починати од западно-нилска треска.

На Клиниката е хоспитализирана уште една пациентка со тешка форма на западно-нилска треска, која подолго време е на одделот за интензивно лекување и е на механичка вентилација. Таа е на Клиниката речиси еден месец. Не радува тоа што од 25 септември нема нов хоспитализиран случај, додаде д-р Цана.

Би можело да ве интересира

На Инфективната клиника почина пациент со западно нилска треска

А1он

Петмина новозаразени со западнонилска треска, прв случај во Тетово

Од 12 пациенти со западнонилска треска на Инфективна, тројца се на интензивна со кислородна поддршка

Уште еден починат од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани има само шест пациенти

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западнонилска треска, осум починати – сите се мажи

Горан Наумовски