Судот во Кочани нареди да се распише меѓународна потерница по Ива Михаилова

Од:

Основниот суд во Кочани издаде наредба за распишување на меѓународна потерница по Ива Михаилова која вчера замина во Бугарија, иако против неа во Македонија се води судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици.

Според наредбата потерницата ќе ја распише Министерството за внатрешни работи.

Денеска Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го повика бугарскиот амбасадор во земјава, Желјазко Радуков, во врска со случувањата поврзани со Ива Михаилова, при што му беше пренесено дека начинот на кој таа била пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација и ги подрива напорите за градење доверба и развој на добрососедските односи.

Би можело да ве интересира

Бугарскиот амбасадор повикан во Министерството за надворешни

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара пртивор за Ива Михаилова

Ковачев: Скопје нема основа да се жали на Бугарија во ЕУ за случајот со Ива Михаилова

Катерина Ѓуровски

Платформата 12:05 бара оставки од тројца министри за случајот со Ива Михаилова

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?