„Волстрит џурнал“: Иран ја зајакнува одбраната и се подготвува за нови напади

Од:

Иран ги зајакнува своите одбранбени капацитети подготвувајќи се за можни напади по ноемвриските избори за Конгресот во САД, при што некои ирански функционери навестија можност за копнени упади во соседните земји, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Според извештајот, сателитските снимки покажуваат активности насочени кон зајакнување на нуклеарните и граничните објекти, додека иранските власти ја подготвуваат јавноста за можно обновување на непријателствата.

Како дел од овие подготовки, наводно, припадници на паравоени сили ги посетуваат градинките за да им читаат воени приказни на децата, а населението се обучува за ракување со противвоздушно оружје.

Весникот пренесе дека Техеран ги известил посредниците оти би можел да ги интензивира нападите врз американските воени сили во регионот, вклучително и обиди за потопување воени бродови.

Иран, исто така, ја предупреди Саудиска Арабија дека нејзините нафтени постројки би можеле да бидат цел на напади.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Американците нападнаа товарен број кај Иран

ВИДЕО: Масакр во Ријад, 12 мртви и над 300 повредени во напад на аеродром

Калибаф: „Оние што го следат Александар Велики ќе ја доживеат судбината на римскиот император Валеријан“

А1он

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

Трамп воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“