Се влошува хуманитарната ситуација во Алепо

Од:

Хуманитарната ситуација во сирискиот град Алепо каде владини сили водат борби со опозициски вооружени групи, продолжува да се влошува. Тоа го изјави синоќа сенегалскиот генерал Бабакар Гаје, шеф на набљудувачката мисија на ОН в Сирија.

– Исклучително сум загрижен од насилството кое трае во Сирија и најмногу од влошувањето на ситуацијата во Алепо и за последиците за цивилното население, наведува тој во соопштение. Повикува страните во конфликтот да ги заштитат цивилите и да ги исполнат обврските во рамки на меѓународно хуманитарно право.

– Врз цивилите не смее да се користи тешко оружје, истакнува Бабакар Гаје.

Во изминатите неколку дена хуманитарни организации предупредија за се поголеми потреби во Алепо за вода за пиење, горива и електрична енергија. ОН се подготвува да достави помош за 28 илјади жители на градот.

Според податоци на МКЦК и Сириската арапска Црвена полумесечина, воените акции во Алепо принудиле околу 200 илјади луѓе да ги напуштат домовите. Сирискиот национален совет повика вчера држави од групата Пријатели на Сирија, да испратат хуманитарна помош преку мрежи од локални активисти бидејќи само тие може да ја достават до населението. Според портпаролка на главната коалиција на опозицијата Басма Кодмани режимот не дозволува хуманитарна помош од нивните мрежи.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка