(ВИДЕО) Трагедија во Турција: најмалку 11 жртви и 27 повредени во сообраќајна несреќа

Од:

Најмалку 11 лица загинаа, а 27 се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопат во западна Турција, во која учествуваа туристички автобус и возило за помош на патиштата, објави турската телевизија НТВ.

Несреќата се случила денеска околу 11 часот, на автопатот Гебзе–Орхангази–Измир, во близина на наплатните рампи кај градот Акхисар, во областа Маниса. Автобусот на туристичката компанија „My World Tur“ се судрил со возилото за помош на патиштата, по што автобусот се превртел, а камионот излетал од патот.

На местото веднаш биле испратени екипи на итната медицинска помош, пожарникари и полиција. Повредените биле пренесени во болница, а едно лице е во критична состојба, соопшти гувернерот на Маниса, Вахдетин Јозкан.

Јавното обвинителство започнало истрага за причините за несреќата.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Мустафа Чифтчи, потврди дека во несреќата загинале 11 лица, а првичните информации што ги објави тој наведуваа 26 повредени.

Засега не се објавени информации за идентитетот и државјанството на патниците во автобусот.

Би можело да ве интересира

Турција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст

А1он

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он

ВИДЕО: Пукање во училиште во Турција, осуммина повредени

Катерина Ѓуровски

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии

Среќна грепка – за помалку од две евра доби награда од над 142.000 евра

А1он

Анкара се подготвува за најлошото: Во сценаријата е и војна со Грција и Израел