66-годишен маж од Кичево бил пронајден починат во својот дом, откако неговата 32-годишна ќерка пријавила дека неколку дена не може да стапи во контакт со него.
Случајот бил пријавен на 10 октомври во 16:45 часот во ОВР Кичево од неговата ќерка А.Ј. (32) од Битола.
Полициски службеници излегле на местото и го пронашле Л.Ѓ. (66) починат во неговиот дом. На телото немало видливи траги на насилство.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
