57-годишен охриѓанец почина откако се превртело кануто со кое управувал во Охридското Езеро, во близина на месноста „Извиднички“.
Настанот бил пријавен на 10 октомври во 18:30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Кануто се превртело на околу 200 метри од брегот.
На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош. Лекарот констатирал смрт кај 57-годишниот А.Н. од Охрид.
Увид извршила екипа на СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
