Приведени се директор и вработена во подружница на „Национални шуми“ – запленето огревно дрво

Од:

Кире Михаилов, заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“ на Фејсбук пишува дека изминатите денови приведени се директорот на подружницата „Бор“ во Прилеп и вработена во подружницата „Бабуна“ во Велес. Се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба.

Михаилов посочува дека, според информациите од МВР, постојат сериозни докази и индиции дека приведените се огрешиле пред законот.

Михаилов вели дека пред неколку дена е поднесена кривична пријава и против вработен во подружницата во Свети Николе, кој беше директор во времето на претходната владејачка гарнитура.

Штетата се процененува на повеќе од 50.000 евра.

„Не знам кој и колку ми верува и разбира кога велам дека правдата важи за сите и дека нема големи и мали, наши и ваши. Едноставно е, секој кој се огрешил пред Законот ќе одговара!“, порачува Михаилов.

Би можело да ве интересира

Од 1 јули целосна забрана за движење во шуми

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Кривична против шест вработени во „Национални Шуми“ – го оштетиле претпријатието за над 170.000 евра

А1он

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Штрајк на вработените во сите подружници на ЈП „Национални шуми“