(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

Од:

СДСМ обвини дека директорката и помошник-директорот на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ѓорѓи Наумов“ од Битола се коцкале во казино во Монте Карло за време на ученичка екскурзија, додека малолетните ученици ги чекале во холот.

На прес-конференција, Јованче Манасков, претседател на Комисијата за образование и наука на СДСМ, изјави дека станува збор за директорката Жанета Сервини и помошник-директорот Љупчо Здравковски. Според партијата, тие играле на слот-машини додека учениците биле под нивна одговорност.

Манасков рече дека СДСМ располага со видеа и фотографии од настанот, од кои едно видео ќе биде објавено со заматени ликови поради тоа што на него има малолетници.

Од СДСМ побараа министерката за образование и наука Весна Јаневска итно да изврши надзор и да поведе постапка за утврдување одговорност и разрешување на инволвираните.

„Одговорноста во образованието не е привилегија, туку обврска“, порача Манасков.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит